Фото-кино клубот “Козјак” – Куманово ги објави добитниците на наградите од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм “Филмај”.
Трочленото жири во состав од режисерката и сценаристка Лидија Мојсовска, кинематографот Наум Доксевски и фотографот Дејан Ангеловски одлучи да ги додели четири награди за четири различни категории.
Наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија ја доби Azadeh Moussavi за режирање на филмот „The Visit“ (Иран).
Наградата „Радослав Ристевски за за најдобра фотографија/кинематографија ја доби Pieter-Jan Claessens за неговата работа во филмот „Da Yie“ (Гана).
Наградата „Козјак“ за најдобро сценарио ја добија Ali Asgari и Farnoosh Samadi за филмот „Witness“ (Иран), додека пак наградата за најдобар македонски филм ја освои филмот „Неонски срца“ на режисерката Ана Јакимска.
Организаторите велат дека дополнително ќе ја објави листата со одбраните филмови кои ќе се прикажат на овогодишното издание на фестивалот.
„Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер, која првично беше замислено да се случи при крај на мај, е планирана да се случи во септември 2021. Оваа одлука е заснована на искрена желба и страст на организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала“, велат од „Филмај“.