На сиромашните држави им треба помош од милијарди фунти со цел да се избегне катастрофа поради пандемијата на коронавирусот, предупредуваат здравствените експерти, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Доколку светските лидери не преземат итни мерки, вирусот во следните неколку недели ќе ги сруши здравствените служби ширум Јужна Америка, Азија и Африка.
Според научниците и медицинските експерти, само помош од милијарди фунти и масовен извоз на вакцини можат да ја запрат хуманитарната катастрофа.
Тие стравуваат дека ужасните сцени од Индија може да се повторат во многу сиромашни земји.
Во моментов, 30.7 отсто од смртните случаи во светот поради Ковид-19 се регистрирани во сиромашните држави, со низок и среден приход, а пред еден месец во тие држави биле регистрирани само 9.3 отсто од смртните случаи во целиот свет.
Од крајот на јануари, смртноста од Ковид-19 во Кенија се зголеми за 674%, во Џибути за 550%, додека во Бангладеш за 489%.
Здравствените експерти во Африка веќе предупредија дека кризата во Индија наскоро ќе се одрази и на африканскиот континент.
„Немаме доволно здравствени работници, ниту медицински кислород“, предупредија претходно од африканските центри за контрола и превенција на болести.