Активистката Кристина Божурска е авторка на збирката „15 хорор приказни од работнички“. Воедно, таа е ликовна уметница и професорка.
Младинската организација „Еквалис“, на 5 мај, среда, организира онлајн дискусија со Божурска, настан кој ќе започне во 19 и 20 часот.
„Кристина Божурска е активистка, ликовна уметница и професорка. Својот активизам го остварува преку своите дела, чија суштина е социо-политичкиот контекст на денешнината, каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира проблемите од секојдневието и современото живеење. Ја има создадено збирката приказни ,,15 хорор приказни од работнички”, известуваат од „Еквалис“.
Сите заинтересирани за проследување на онлајн разговорот, може да се пријават тука.