Најразлична амбалажа од храна и пијалоци, како и покуќнина вчера група на волонтери собираа од охридската плажа Лабино и околните места кои се достапни само по вода.
Организатор на двочасовната акција беше СУП клубот Охрид, во соработка со Културолошката иницијатива 5 до 12, JJ Adventures и едриличарскиот клуб-Пират.
Тие тргнаа од плажата Канео, па веслајќи стигнаа и до Лабино и Градска Плажа.
Голема благодарност до сите кои беа дел од денешната акција за чистење на плажата Лабино и околните места кои се…
Posted by SUP Club Ohrid on Saturday, May 8, 2021
Со ова, клубот ја отвори својата сезона за веслање, најавувајќи нова акција за почисто езеро.