Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19 при 1.993 направени тестирања.
Новите случаи се потврдени во: Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2 ,Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево – по 1.
Регистрирани се и 298 оздравени пациенти, a pријавени се вкупно 14 починати лица: 7 од Скопје (47г,64г,69г,71г,72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г,71г, и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г).
Од пријавените, сите 14 лица се починати во болнички услови, информираат од министерството.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.
Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19.