[Галерија] 10-те најнеобични еко градби на светот

Овој период е совршен да се биде во бизнисот со одржливи дизајни. Од културни локации, преку споменици до станбени и комерцијални објекти низ светот се пробиваат технолошките граници со цел да се задоволат потребите за поодржнива животна средина.

„Insulation4Less“, енергетска компанија од Лондон, спроведе еко-анкета на Инстаграм во која се избираа најпопуларните одржливи дизајни на објекти и локации низ светот. Десетте најдобри, низ целиот свет, нудат нови и возбудливи идеи кои се за почитување.

Најголемиот дел од овие градби се изградени во последниве 10 години, што го симболизира преминот кон нов начин на кој се градат објектите, со ставање акцент на одржливоста. Во продолжение погледнете ги најдобрите десет:

10. „One Angel Square“, Манчестер

Објектот чинеше преку 100 милиони евра и во моментов е седиште на Ко-оперативна група, компанија која се бави со трговија. Се смета за една од најеколошките објекти во Европа и прва во Велика Британија доби највисок рејтинг според еко-дизајнот.

Тоа најмногу се должи на двојната фасада која грее во зимскиот а лади во летниот период, а зградата добива струја преку посебна централа на биодизел која користи растително масло за производство на електрична енергија и греење.

9. Кула Марко Поло, Хамбург

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T O M W O L F (@to.wolf)

Единствената зграда на листата која се користи за домување, а не за комерцијални потреби, Кулата Марко Поло или е омразена или омилена за жителите на градот.

Но жителите кои живеат во овој објект можат да се пофалат дека домуваат во објект кој преку посебни колектори на кровот ја претвораат топлината во систем за ладење на становите.

8. Зградата Коцка, Берлин

ФОТО: 3XN

Смарт канцелариите на „Коцката“ е нов објект во Берлин на архитектите од 3XN. Зградата стигна на насловните страници поради нејзиниот прекрасен надворешен стаклен дизајн кој е прекриен со соларни панели на самопрокламираната „прва европска канцеларија подготвена за 21-от век“.

7. КопенХил, Копенхаген

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volker (@karachoberlin)

Најеколошката централа која претвора отпад во енергија на светот, КопенХил, преработува преку 440 илјади тони отпад годишно. Истовремено веројатно е единствена електрична централа во светот со скијачка патека на нејзиниот кров.

6. „Pricewaterhousecoopers“, Лондон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaga UK (@jaga_uk)

Седиштето на сметководителската компанија „PwC“ е малку поинаква од другите згради кои ќе ги најдете во нејзината близина. Дизајнирана е да обезбедува внес на ладен воздух на сите места каде што тоа е потребно, а има и целосно автоматизиран систем кој ги регилира соларните панели и зелениот кров на објектот.

5. Музејот на утрешнината, Рио де Жанеиро 

ФОТО: Википедија

Преку 25.000 луѓе го посетија Музејот на утрешнината во Рио кога беше отворен во 2015 година, а подоцна овој објект беше награден за иновација од едно од најугледните архитектонски организации.

Музејот од Гардијан беше наречен „впечатлив повик за замислување одржлив свет“ и во него се вградени подвижни соларни панели дизајнирани да ја максимизираат искористеноста на сончевите зраци и природното разладување.

4. Конгресен центар Ванкувер, Ванкувер

ФОТО: Lucas Mogari / Википедија

Конгресниот центар во Ванкувер е дом на најголемиот зелен кров во цела Канада во кој растат преку 4.000 различни видови растенија помеѓу посетителите.

Овој објект заштедува 300.000 испуштања вода во тоалетите секоја година поради вградени системи за штедење, а на кровот се наоѓаат околу 240 илјади пчели кои се држат под контрола од тим на пчелари.

3. Кулата Реформа, Мексико Сити

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Torre Reforma (@torre_reforma)

Се работи за веројатно најзелената зграда во Латинска Америка. Проектот штеди 30% од потрошувачката на вода преку технологија за повторно употребување, а преку 80 проценти од градежните материјали биле од локалниот регион.

2. Шангајската кула, Шангај

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shanghai_Tower (@shanghai_tower)

Втората највисока зграда во светот во неа има вградено 43 различни одржливи технологии, меѓу кои и обновливи извори на енергија, разладување на зградата преку кровна технологија и спирален парапет кој ја собира дождовната вода и ја употребува во системите за ладење.

Овој облакодер е и најскапата зграда на оваа листа, со 2 милијарди евра колку што чинела изградбата која траела 8 години.

1. Вертикална шума, Милано

ФОТО: Ale Desiderio / Википедија

Повеќе шума отколку зграда, станбениот комплекс е дом на скоро 2000 метри квадратни надворешни дрвја и грмушки. Вегетацијата носи неколку придобивки, го намалува загадувањето преку производство на кислород, штеди енергија за зградата и создава вистинска рајска глетка во центарот на еден од најголемите градови во Италија.