Младинскиот културен центар пренесува дека отворен е конкурсот за регионалниот фестивал за гифови „Gifest 9“.
Гиф-автор(к)ите и креативците од областа на уметноста, своите дела за учество може да ги испратат на gifest.subotica@gmail.com, до 28 мај.
Според условите, анимираниот гиф треба да се состои од најмалку два фрејма, а гифот не е содржински ограничен во поглед на темата и формата. Дозволени се апстрактни, но и ангажирани гифови.
Секој автор може да испрати максимум пет сопствени гифови.
„Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите. Пријавените трудови мора да бидат авторски дела на испраќачот“, објаснуваат од Младински културен центар.
Потребни податоци покрај гиф-делата се име на гифот, како и име, презиме и контакт за авторот.
Аплицирајте на деветтиот #GIFEST!
Конкурсот е отворен до 28 мај.
👉 https://t.co/mz3nQOw0mspic.twitter.com/ZlRPaws2rh— МКЦ (@MKC_Skopje) May 11, 2021