Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 26 лица. Починале 8 лица од Скопје (36г, 56г, 63г, 64г, 71г, 76г, 78г, 84г), 3 лица од Битола (41г, 65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г), Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица починале во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа е потврден 171 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 58 случаи во Скопје, 16 во Куманово, по 9 во Битола и Радовиш, 8 во Виница, по 7 во Кочани и Кичево, по 6 во Прилеп, Охрид и Штип и по 5 случаи на Ковид-19 во Велес и Струмица.
По 4 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Тетово, Гостивар и Ресен, 3 во Кавадарци, по 2 во Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Делчево, Пробиштип, Крушево и Демир Хисар.
Регистрирани се 409 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2 и по 1 од Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.357 тестови.