Здружението на џез музичари и слободни уметници и МКЦ за 15 мај (сабота) ја најавуваат манифестицијата „Today It’s All About Jazz Vol.5“.
„Секоја година достојно го одбележуваме Меѓународниот ден на џезот на 30 април, а истото го сторивме и оваа година преку online стримингот на концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra – Life in Ohrid. Сепак, со цел да не ви останеме должни со уште еден целодневен џез хепенинг, одржувањето на манифестацијата во живо го закажуваме за 15 мај, сабота, со почеток од 14 часот, пред платото на МКЦ. Манифестацијата ќе се одржи на целосно отворен простор, со почитување на мерките и протоколите за одржување физичка дистанца“, се вели во најавата за настанот.
На програмата ќе настапат следните џез бендови:
– 14ч. промоција на првото издание на ЗЏМ Рекордс, Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid;
– 15ч. Апнеа;
– 16ч. Дина Јашари Бенд;
– 17ч. Brahma Trio;
– 18ч. Квартет Пролет;
– 19ч. Гордан Спасовски Трио – концертна промоција на албумот;
– 20ч. Pangea free the world group.
Оваа година манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје, Делегација на Европска Унија и МКЦ.
Повеќе инфор околу настанот ТУКА.