Единицата за антитероризам влезе во училиште во Карпош по пријава за пронајдени куршуми и рачни бомби, се работело за „верни копии“

Единицата за антитероризам при МВР влезе во училиштето „Петар Поп Арсов“ во Карпош откако директорката пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини.

Како што се појаснува во полицискиот билтен, случајот бил пријавен пред два дена, а полицијата констатирала дека се работи за школски предмети.

Од училиштето за Радио МОФ појаснуваат дека станува збор за верни копии на оригинали кои се користеле како реквизити по предметот Одбрана и заштита до 90-тите. Во тој период, се организирале акции со цел обука и проверка на подготвеноста при воена состојба. Во склоп на тие акции имало и обуки за ученици за управување со огнено оружје.

Е.П.