Радио МОФ ви ја претставува втората епизода на младинските Инста(нт) вести, во кои правиме пресек на случувањата во изминатите две недели.
Во нив имаме две Михаели – Михаела е нашата денешна водителка, но Михаела е и нашата инста(нт) дописничка од градот под Шара, познат по гравот и јаболката. Во ова издание зборуваме за бојкотот на наставата, вакцинациите кај младите и кај владиниот врв, но и (КОНЕЧНО) за намалувањето на полицискиот час! Секако се навраќаме и на бришењето зборови од дигиталниот Толковен речник, а издвојуваме и неколку лабави вести од светот.
View this post on Instagram