Организаторите на осмиот АКТО- Фестивалот на современа уметност кој се одржува во Битола одлучија да им доделат награда на сите учесници кои во изминатите денови ја градеа Живата библиотека.
Наградата е краток филм од авторите Вук Митевски и Владимир Лукаш кој претставува духовит приказ на градителите на Живата библиотека, пренесе Нова.
АКТО фестивалот е регионален фестивал за современи уметности каде што се вклучени визуелни уметности, изведувачки уметности, музика и теорија на култура. Фестивалот се организира од 2006 год.