Обединетите нации (ООН) соопштија дека повеќе од 38.000 Палестинци се раселени во Појасот Газа поради израелските воздушни напади и дека повеќе од 2.500 лица останале без покрив над главата, пренесува „Данас“.
Портпаролот на ООН, Стефан Дижарик денеска изјави дека раселените лица побарале заштита во 48-те училишта со кои раководи Агенцијата на ООН за помош на палестинските бегалци (УНВРА), наведувајќи дека во Газа е оштетена 41 образовна институција.
„Снабдувањето со електрична енергија низ Газа е намалено на шест до седум часа на ден во просек. Тоа го попречува пружањето здравствена заштита и другите основни потреби“, рече тој.
Тој посочи дека Светската програма за храна започнала да обезбедува итна помош за повеќе од 51.000 жители на Газа.
Истовремено и Египет, кој посредува да се воспостави прекин на огнот, испрати камиони со хуманитарна помош и медицински материјали до Појасот Газа.