Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) на последното рангирање на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) забележа пад од 27 места во споредба со минатата година и се најде на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот.
Но, покрај оваа листа, УКИМ е на незавидни позиции и кога ќе се погледнат другите угледни светски рангирања на високообразовните институции.
Во инфографикот во продолжение направивме споредба меѓу најголемиот македонски универзитет со дел од најголемите универзитети во земјите од регионот според шест различни ранг-листи кои ги изработуваат меѓународни организации и институти.
Даниел Евросимоски