Една од најпознатите карпести структури на островите Галапагос се урна во морето, пренесува „CNN“.
Врвот на карпата, позната како „Дарвиновата порта“ лоцирана во северниот дел на архипелагот, се урна поради природна ерозија, известило Министерството за животна средина на Еквадор.
Фотографии од структурата, која сега се состои само од природните столбови, беа објавени на социјалните мрежи на министерството.
„Уривањето на „Дарвиновата порта“, атрактивниот природен мост пронајден на само неколку километри од главниот реон на островот Дарвин е потврдено. „Дарвиновата порта“е именувана според англискиот биолог Чарлс Дарвин и е создадена од природен камен, а структурата се смета за една од најубавите места за нуркање во архипелагот на Тихиот Океан, кој е дел од Еквадор, а е лоциран стотина милји од брегот на земјата, било истакнато во соопштението на министерството.
Informamos que hoy 17 de mayo, se reportó el colapso del Arco de Darwin, el atractivo puente natural ubicado a menos de un kilómetro de la isla principal Darwin, la más norte del archipiélago de #Galápagos. Este suceso sería consecuencia de la erosión natural.
📷Héctor Barrera pic.twitter.com/lBZJWNbgHg
— Ministerio del Ambiente y Agua de Ecuador (@Ambiente_Ec) May 17, 2021
Реонот кој е заштитен од УНЕСКО, познат е по бројните ендемски видови на животни и растенија, и претставува локација која се смета дека ја инспирирала Дарвиновата теорија за еволуцијата.
Една од локалните туристички агенции кои организира екскурзии ширум светот на социјалните мрежи објавила дека една од туристичките групи го засведочила инцидентот.
„За жал, денес нашите гости засведочија настан што се случува еднаш во животот. Утрово, околу 11 часот претпладне, „Дарвиновата порта“ им се урна пред очите“, се велело во објавата.