Гувернерот на Тексас потпиша одлука која го забранува абортусот по шестата недела, а одлуката е донесена со аргументот за детекција на срцебиење кај фетусот. Новиот закон не дава отстапки за жените кои биле силувани, пренесува „Индепендент“.
Законот, кој беше потпишан вчера од страна на Грег Абот, им забранува на државните службеници да ја спроведуваат забраната, но дозволува кој било граѓанин да покрене тужба против медицински лица доколку се сомнева дека го кршат правилото.
„Нашиот создавач ни го даде правото на живот, а сепак, милиони деца го губат своето право на живот поради абортусот. Во Тексас, работиме за да ги спасиме тие животи. Овој закон работи токму на оваа проблематика“, изјавил Абот за „СиЕнЕн“.
Рокот од шест недели многу често истекува пред жените да знаат дека дека се бремени, бидејќи преостануваат само две недели откако ќе пропуштат еден менструален циклус.
Медицинските лица ќе бидат задолжени да проверат срцебиење кај фетусот пред да изведат абортус, а процедурата ќе е забранета доколку е забележано срцебиење.
Тексас моментално забранува абортус по дваесеттата недела од бременоста, со исклучок на жените кои се во животно загрозувачка состојба или фетусот има тешка абнормалност.
Оние жени и парови кои ќе сакаат да ја тужат државната одлука, може да побараат отштета во висина од 10.000 американски долари.
Бидејќи законот не прави отстапки за жени кои биле силувани, во законот е нагласено дека преживеаните од силување, или во случај на инцест, ќе добијат државна заштита преку итна контрацепција.
Противниците на законите се плашат дека лицата кои се про-живот ќе ги „поплават“ судовите со тужби против секое медицинско лице кое ќе остварува процедури за абортус, вклучувајќи доктор(к)и, медицински сестри, пријатели или членови на потесното семејство на засегнатите.
Многу други американски држави потпишаа слични закони за абортус, но тие беа поништени од државните Уставни судови.