Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Еко-акции, обуки поврзани со ментално здравје, креирање инклузивни водичи за деца со аутизам, снимање филм за Охрид и значењето на УНЕСКО… Пет млади луѓе во изминатава година година преку различни активности се ангажираа на тема „Што можам да променам во општеството?“. Се впуштија во предизвик – да донесат позитивни промени, истовремено да покажат дека младите не се апатични, туку можат да преземат иницијатива на свој грб, која понатаму би поттикнувала активизам и волонтерски дух во Македонија.
Младите беа избрани преку проект организиран од Волонтерски Центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“.
На сите пет им поставивме неколку исти прашања: зошто го правеа ова, како го менуваа општеството за една година, но и колку нивните врсници се ангажираат за проблемите во околината.
Ова се нивните приказни:
„Мотивирав многу пријатели да престанат да бидат игнорантни“
Петар Стевановиќ од Скопје, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ е вљубеник во природата. Се сеќава дека уште како дете ги минувал целите лета кај неговиот дедо во селото Витолиште. Но, секогаш кога е во природа, во неговата торба собира расфрлено ѓубре од несовесни граѓани. Тоа со време му станало навика кога оди на планинарење, па затоа и ја креираше платформата „За почиста Македонија“.
Ова еко-движење почна со чистки на планини и излетнички места како Којзак и Водно, за потоа да се фокусира и на градовите. Едно од прашања што Петар и екипата го поставуваат е: „Пред нашите очи го гледаме нашиот дом – зошто сакаме да живееме вака?“.
„Сакам да живеам во земја каде сите ќе бидат свесни дека секоја најмала ситница што можат да ја сменат за да нештото биде подобро, да ја сменат и да веруваат дека е важно тоа што го прават. Не сакам да гледам веќе луѓе кои ми викаат: мислиш ли дека ќе смениш нешто со ова?“, вели Ставановиќ.
Во акциите досега им се приклучија околу 150 волонтери. Според Стевановиќ, создадено е движење каде при секоја следна акција, имало се повеќе и повеќе заинтересираност за чистење.
„И изнаоѓање решенија како да го сопреме ова лудило во кое живееме, односно мотивирав многу пријатели да престанат да бидат игнорантни и да се залагаат да ги сменат работите што не можат да ги прифатат. Имаме уште долг пат за да го смениме општеството, но сепак сме на правиот пат“, нагласува Стевановиќ.
Петар е презадоволен од ангажираноста на неговите врсници, па дури и од помладите генерации.
„Верувам силно дека тие се бранот кој што ќе го смени ова општество на подобро“, вели тој.
„Децата се особено чуствителни на повторно активирање на стрес“
Стефанија Стефаноска е родена во Прилеп. Нејзините први почетоци се поврзуваат со глума, а потоа со режија на неколку претстави кои имаа за цел да го свртат вниманието на луѓето кон менталното здравје. Таа изминатава година организираше обуки за справување со стрес, емоции, страв… за ученици и студенти.
Конкретно темата на нејзиниот проект беше влијанието на трансполаризацијата и супституцијата на емоции од раното детство врз ситуации кои предизвикуваат стрес, а кои што подоцна можат да бидат извор на многу психосоматски заболувања.
„Со овој проект пробав да ги спојам влијанието на детските трауми, телесното здравје и секојдневните ситуации“, потенцира Стефаноска.
Ваквата проблематика пробува да ја објасни преку пример – со мечка.
„Замислете дека сте во шума и наидувате на мечка, веднаш вашиот хипоталамус испраќа сигнал до хипофизата која испраќа сигнал до надбубрежната жлезда која вели: ‘Ослободете ги хормоните за стрес! Адреналин! Кортизол!’ И така срцето започнува да чука се отвараат дишните патишта и сте подготвени или да бегате, или да се борете против мечката. Но, проблемот е што се случува кога ‘мечката’ секоја вечер доаѓа дома или ја гледате во училиште? Овој систем се активира одново и одново и тоа преминува од адаптирање до лошо прилагодување штетно по здравјето“, вели таа.
Децата се особено чуствителни на повторно активирање на стрес, забележува, затоа што нивните мозоци и тела се уште растат.
„Ова е причината поради која што сметам дека работата на менталното здравје треба да се сфати посериозно и треба да се зголеми работата во полето“, забележува Стефаноска.
Според неа, на младите единственото нешто што им треба е поголема поддршка да работат на себе. Поголемата иницијатива е потребна од психолозите, психотерапевтите и другите социјални работници, каде што нивната работа би била подостапна во круговите каде се движат младите.
„За почеток сметам дека психолозите во основните и средните училишта треба повеќе да се фокусираат на нивната работа како психолози, наместо како бирократи“, потенцира Стефаноска.
„Не значи дека само младите треба да бидат заангажирани за статусот на Охрид“
Сара Јазаџиска, која правеше филм за убавините на Охрид, вели дека избрала визуелен медиум за да допре до повеќе луѓе. Таа е дипломиран режисер, па целата работа некако се вклопила. Дотолку повеќе што додека го разработувала проектот била на линија Скопје-Охрид.
„Е сега, темата беше многу клучна, ама мислам и лесна кога стануваше збор за Охрид, бидејќи ние бевме блиску да бидеме ставени на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО. Сакам да верувам дека филмот ќе направи промена, дека тие што го гледале разбрале зошто сме под УНЕСКО и зошто е битно тоа да се заштити, да разберат дека некои работи не можат сами да се сменат, туку треба ние да пробаме да ги смениме“, вели таа.
Мило и е што „Охрид – Рид на историјата“ бил добро прифатен од студентите на археологија и исто така успеала да го прикаже на помладата генерација.
„Целта на овој проект секогаш ми била да пробам да стигне до помладите, бидејќи едуцирана младина е моќна младина. Кога го почнав проектов Охрид беше предупреден од УНЕСКО, сега веќе сме на прагот да бидеме во загрозената листа“, потенцира Јазаџиска.
Смета дека се генерација што пробува да се избори за подобра околина, подобар услови, иако тоа секогаш не се покажува.
„Секогаш треба поголема иницијатива за теми како што се Охрид со УНЕСКО, но тоа не значи дека треба само младите да бидат тие што се заангажирани. Претходни генерации намерно или ненамерно дозволиле вакви работи да се случат, но тоа не значи дека не можат да ги поправат. Сметам дека треба да си им помогнеме и заедно да направиме промена“, вели таа.
„Една година подоцна – гледам промена во однесувањето кон природата“
Идејата на средношколката Марија Ристова е да ја подигне свеста за одржување на чиста средина во околината на Кавадарци со тоа што посадиле дрвца во околината на градот и исчистиле голем дел од Тиквешкото езеро. Уште при првата акција, собрале дваесетина вреќи ѓубре, најмногу пластични шишиња и лимени конзерви.
„Една година подоцна гледам голема промена во однесувањето на останатите кон природата, името на KavInAction (иницијативата) се спомнува често особено во ситуации кога се зборува за соодносот човек-природа“, вели таа.
Со самото стапување во акција, вели таа, секој што учествувал почнал поинаку да размислува за
природата и нејзиното одржување.
„Лично мислам дека моите врсници недоволно се грижат за самата околина, па затоа треба да се спроведуваат повеќе настани за да им влијае кон размислувањето бидејќи едно стапување во ваква акција за некој може да смени многу“, потенцира таа.
За да се подигне општествената свест на сите полиња, вели Ристова, пред се’ треба секој еден поединец да почне да ја подига свеста кај самиот себе, а со тоа да го натера и останатиот круг околу него. „Всушност, не би постигнале ништо ако нема доволна борба и иницијатива за почиста околина од секој еден“.
„Децата со аутизам се исклучени од активностите на извидниците“
Jана Олтовска е 16-годишна девојка од Скопје, која долги години е активен извидник. Таа забележала дека луѓето единствено се грижат за потребите на мнозинството, занемарувајќи ги желбите на малцинството. Поради тоа, стигна до идејата да направи водич за аутистичните луѓе, преку кој и тие би можеле да станат извидници.
Проектов, вели таа, го прави бидејќи сфатила дека децата со аутизам се исклучени од активностите на извидниците, а голем дел од младината не е запознана со ситуацијата на аутистичните деца.
„Јас се надевам дека овој проект имал барем мал импакт во нашето општество и дека на луѓето им е станато појасно дека и тие деца се деца како нас и дека го заслужуваат истиот третман“, вели Јана.
Смета дека нејзините врсници не се ангажираат премногу за еднакви можности за децата со аутизам, бидејќи, повторува таа, многу од нив немаат доволно информации за аутизмот.
Инаку, сите овие млади луѓе беа дел од проектот „Европските млади во првите редови на активното граѓанство: Патоказ кон колективен југо-северно-источен-западен моментум“.
Бојан Шашевски
-
“Si e ndryshova shoqërinë” – pesë të rinj u angazhuan për probleme të ndryshme në vend
Eko-aksionet, trajnimet në lidhje me shëndetin mendor, krijimi i udhëzuesve gjithëpërfshirës për fëmijët me autizëm, krijimi i një filmi për Ohrin dhe rëndësinë e UNESCO… Pesë të rinj gjatë vitit të kaluar përmes aktiviteteve të ndryshme u angazhuan në temën “Çfarë mund të ndryshoj në shoqëri?”. Ata filluan një sfidë – të bëjnë ndryshime pozitive, në të njëjtën kohë për të treguar se të rinjtë nuk janë apatikë, por mund të marrin iniciativë më vete, gjë që do të inkurajonte më tej aktivizmin dhe vullnetarizmin në Maqedoni.
Të rinjtë u zgjodhën përmes një projekti të organizuar nga Qendra Vullnetare Shkup, mbështetur nga Komisioni Evropian përmes programeve “Erasmus +” dhe “Të rinjtë Evropian së bashku”.
Ne u shtruam pyetje të njëjta të pestëve: pse e bënë këtë, si e ndryshuan shoqërinë brenda një viti, por edhe sa bashkëmoshatarët e tyre janë të përkushtuar ndaj problemeve në mjedis.
Këtu janë historitë e tyre:
“Unë motivova shumë miq të mos jenë injorant”
Petar Stevanoviç nga Shkupi, student në Universitetin Goce Dellçev, është adhurues i natyrës. Ai kujton se si fëmijë e kalonte gjithë verën me gjyshin e tij në fshatin Vitolishte. Por sa herë që është në natyrë, ai mbledh mbeturinat e shpërndara nga qytetarë të paskrupullt në çantën e tij. Me kalimin e kohës, kjo u bë një zakon kur ai shkon në mal, kështu që krijoi platformën “Për një Maqedoni më të pastër”.
Kjo lëvizje ekologjike filloi me pastrimin e maleve dhe vendeve për piknik si Kojzak dhe Vodno, dhe më pas u përqendrua në qytetet. Një nga pyetjet që Petar dhe ekipi e shtrojnë është: “Ne e shohim shtëpinë tonë para syve tanë – pse duam të jetojmë kështu?”
“Dua të jetoj në vend ku të gjithë do të jenë të vetëdijshëm se çdo gjë e vogël që mund të ndryshojnë për t’i bërë gjërat më mirë, ta ndryshojnë atë dhe të besojnë se është e rëndësishme atë që e bëjnë. Nuk dua të shoh më njerëz që më thonë: a mendon se do të ndryshosh diçka me këtë?”, thotë Stavanoviq.
Një nga aksionet e “Për një Maqedoni më të pastër”
Rreth 150 vullnetarë janë bashkuar rreth aksioneve deri më tani. Sipas Stevanoviq, u krijua një lëvizje ku me çdo veprim të mëvonshëm, kishte gjithnjë e më shumë interes për pastrim.
“Dhe gjetja e zgjidhjeve se si ta ndalojmë këtë çmenduri në të cilën jetojmë, përkatësisht, motivova shumë miq të ndalonin së qeni injorantë dhe të përpiqeshin të ndryshonin gjëra që ata nuk mund t’i pranojnë. Kemi ende një rrugë të gjatë për të bërë për të ndryshuar shoqërinë, por jemi akoma në rrugën e duhur”, tha Stevanoviq.
Petar është shumë i kënaqur me angazhimin e bashkëmoshatarëve të tij dhe madje edhe të brezave të rinj.
“Besoj fuqimisht se ato janë vala që do ta ndryshojnë këtë shoqëri për mirë”, tha ai.
“Fëmijët janë veçanërisht të ndjeshëm ndaj riaktivizimit të stresit”
Stefanija Stefanoska është lindur në Prilep. Fillimet e saj të para lidhen me aktrimin, dhe më pas me drejtimin e disa shfaqjeve që synonin të tërhiqnin vëmendjen e njerëzve në shëndetin mendor. Vitin e kaluar, ajo organizoi trajnime për trajtimin e stresit, emocioneve, frikës ….për studentët.
Konkretisht, tema e projektit të saj ishte ndikimi i transpolarizimit dhe zëvendësimit të emocioneve të fëmijërisë së hershme në situata stresuese, të cilat më vonë mund të jenë burimi i shumë çrregullimeve psikosomatike.
“Me këtë projekt u përpoqa të ndërthur ndikimin e traumës së fëmijëve, shëndetit fizik dhe situatave të përditshme”, tha Stefanoska.
Problematikën e tillë përpiqet ta shpjegojë me një shembull – me një arushë.
“Imagjinoni sikur jeni në një pyll dhe të hasni në një ari, menjëherë hipotalamusi juaj dërgon një sinjal në hipofizë i cili dërgon sinjal në gjëndrën mbiveshkore e cila thotë: ‘Lironi hormonet e stresit! Adrenalin! Kortizol! ‘ Dhe kështu zemra fillon të rrahë, rrugët e frymëmarrjes hapen dhe ju jeni gati të ikni ose të luftoni me ariun. Por problemi është se çfarë ndodh kur ‘ariu’ vjen çdo natë në shtëpi ose kur e shihni në shkollë? Ky sistem aktivizohet pa pushim dhe kalon nga adaptimi në përshtatje të keqe të dëmshme për shëndetin”, thotë ajo.
Një nga trajnimet e Stefanoskës
Fëmijët janë veçanërisht të ndjeshëm ndaj riaktivizimit të stresit, sepse truri dhe trupat e tyre janë akoma në rritje.
“Kjo është arsyeja pse unë mendoj se puna për shëndetin mendor duhet të merret më seriozisht dhe puna në terren duhet të rritet,” vëren Stefanoska.
Sipas saj, e vetmja gjë që të rinjtë kanë nevojë është më shumë mbështetje për të punuar me veten e tyre. Nevojitet një iniciativë më e madhe nga psikologët, psikoterapistët dhe punonjësit e tjerë socialë, ku puna e tyre do të ishte më e arritshme në vendet ku lëvizin të rinjtë.
“Si fillim, mendoj se psikologët në shkollat fillore dhe të mesme duhet të përqendrohen më shumë në punën e tyre si psikologë, në vend të burokratëve,” tha Stefanoska.
“Nuk do të thotë që vetëm të rinjtë duhet të angazhohen për statusin e Ohrit”
Sara Jazaxhiska, e cila bënte film për bukuritë e Ohrit, thotë se ajo zgjodhi media vizual për të arritur më shumë njerëz. Ajo është regjisore e diplomuar, kështu që e gjithë puna disi është përputhur. Sidomos pasi gjatë zhvillimit të projektit ajo ishte në linjën Shkup-Ohër.
“Tani, tema ishte shumë e rëndësishme, por unë mendoj se ishte e lehtë kur bëhet fjalë për Ohrin, sepse ne ishim afër që të vendoseshim në Listën e Trashëgimisë Botërore në rrezik të UNESCO-s. Dua të besoj se filmi do të bëjë ndryshim, që ata që e panë e kuptuan pse jemi nën UNESCO dhe pse është e rëndësishme për ta mbrojtur Ohrin, të kuptojnë se disa gjëra nuk mund të ndryshohen vetë, por ne duhet të përpiqemi të ndryshojmë”, thotë ajo.
Gëzohem që “Ohri – Kodra e Historisë” u prit mirë nga studentët e arkeologjisë dhe gjithashtu arriti t’ia prezantojë brezit të ri.
“Qëllimi i këtij projekti ka qenë gjithmonë përpjekja për të arritur më të rinjtë, sepse rinia e edukuar është një rini e fuqishme. Kur fillova projektin, Ohri u paralajmërua nga UNESCO, tani ne jemi në prag të vendosemi në listën e rrezikuar”, tha Jazaxhiska.
Është e mendimit se janë brez që përpiqet të luftojnë për një mjedis më të mirë, kushte më të mira, megjithëse jo gjithnjë tregohet kjo.
“Gjithmonë kemi nevojë për një iniciativë më të madhe për tema të tilla si Ohri me UNESCO, por kjo nuk do të thotë që vetëm të rinjtë duhet të jenë ata që janë të angazhuar. Brezat e mëparshëm kanë lejuar me dashje ose pa dashje që gjëra të tilla të ndodhin, por kjo nuk do të thotë që nuk mund t’i rregullojmë këto. Mendoj se ne duhet të ndihmojmë njëri-tjetrin dhe të bëjmë një ndryshim së bashku”, thotë ajo.
“Një vit më vonë – shoh ndryshim në qëndrimin ndaj natyrës”
Ideja e gjimnazistes Marija Ristova është të rrisë ndërgjegjësimin për mirëmbajtjen e një ambienti të pastër në afërsi të Kavadarit duke mbjellë pemë në afërsi të qytetit dhe pastruar një pjesë të madhe të Liqenit të Tikveshit. Gjatë aksionit të parë, mblodhën njëzet thasë me mbeturina, kryesisht shishe plastike dhe kanoçe.
Aksion pranë Liqenit të Tikveshit
“Një vit më vonë shoh një ndryshim të madh në qëndrimin e të tjerëve ndaj natyrës, emri KavInAction (iniciativa) shpesh përmendet veçanërisht në situata kur bëhet fjalë për marrëdhënien njeri-natyrë”, tha ajo.
Duke ndërmarrë aksione, thotë ajo, të gjithë të përfshirët filluan të mendojnë ndryshe për natyrën dhe mirëmbajtjen e saj.
“Personalisht, unë mendoj se bashkëmoshatarët e mi nuk kujdesen sa duhet për mjedisin, kështu që më shumë ngjarje duhet të zhvillohen për të ndikuar në të menduarit e tyre, sepse një hap në aksion të këtillë mund të ndryshojë shumë për dikë”, tha ajo.
Në mënyrë që të rritet ndërgjegjësimi shoqëror në të gjitha fushat, thotë Ristova, para së gjithash, çdo individ duhet të fillojë të rrisë ndërgjegjësimin për veten e tij, dhe kështu të detyrojë edhe pjesën tjetër rreth tij. “Në fakt, nuk do të kishim arritur asgjë nëse nuk do të kishte luftë dhe iniciativë të mjaftueshme nga secili ne për një mjedis më të pastër.”
“Fëmijët me autizëm përjashtohen nga aktivitetet e skautëve”
Jana Oltovska është një vajzë 16-vjeçare nga Shkupi, e cila ka qenë një skaut aktiv për shumë vite. Ajo vërejti se njerëzit kujdesen vetëm për nevojat e shumicës, duke injoruar dëshirat e pakicës. Për shkak të kësaj, ajo doli me idenë e krijimit të një udhëzuesi për njerëzit me autizëm, përmes të cilit ata gjithashtu mund të bëhen skautë.
Jana Oltovska (me ngjyra), foto: voiceskopje.org
Këtë projekt, thotë ajo, e bën sepse e kuptoi që fëmijët me autizëm janë të përjashtuar nga aktivitetet e skautëve dhe një pjesë e madhe e të rinjve nuk janë të njoftuar me situatën e fëmijëve autikë.
“Shpresoj që ky projekt të ketë pasur të paktën një ndikim të vogël në shoqërinë tonë dhe që njerëzve u është bërë më e qartë se ata fëmijë janë fëmijë si ne dhe se ata meritojnë të njëjtin trajtim”, tha Jana.
Ajo beson se moshatarët e saj nuk angazhohen shumë për mundësi të barabarta për fëmijët me autizëm, sepse, përsërit ajo, shumë prej tyre nuk kanë informacion të mjaftueshëm në lidhje me autizmin.
ërndryshe, të gjithë këta të rinj ishin pjesë e projektit “Të rinjtë Evropian në radhët e para të qytetarisë aktive: Udhëzues drejt një monumenti kolektiv jug-veri-lindje-perëndim”.
Bojan Shashevski