На владите им е посочено да се фокусираат на намалување на бројот на млади пушачи, навика која убила осум милиони лица во 2019 година, пренесува „Гардијан“.
Според ново истражување, пушењето како навика забележува раст кај младите ширум светот, иако тутунот е причина за смрт на скоро осум милиони луѓе во 2019 година.
Истражувањето вели дека обидите за намалување на навиката биле погазени од 150 милиони нови пушачи забележани во изминатите девет години. Глобалниот број на пушачи достигнува рекорден број од 1.1 милијарди лица.
Авторите на истражувањето велат дека влaстите треба да се фокусираат на намалување на пушењето кај младите лица, бидејќи 86 отсто од новите пушачи, стекнале навика за конзумирање на тутун до 25 година.
„Младите луѓе се подложни на зависност, а глобалните бројки на млади пушачи се во раст. Епидемијата на користење на тутун ќе продолжи со години, доколку земјите остро не го намалат бројот на нови пушачи“, изјавила водечката истражувачка на студијата, Мариса Реитсма.
Иако во светот, бројот на пушачи е намален во изминативе три декади, бројката расте кај мажите во 20 земји и кај жените во 12 земји. Само 10 држави го сочинуваат бројот на најголемата пушачка популација и тоа Кина, Индија, Индонезија, САД, Русија, Бангладеш, Јапонија, Турција, Виетнам и Филипините. Еден од три корисници на тутун живее во Кина.
Во 2019 година, пушењето е поврзано до 1.7 милиони мртви од срцеви болести, 1.6 милиони мртви од белодробни заболувања, 1.3 милиони мртви од рак на белите дробови и 1 милион мртви од мозочни удари.
Претходни истражувања посочуваат дека скоро половина од долгогодишните пушачи умираат од причини директно поврзани со пушењето, како и дека пушачите имаат 10 години пократок живот за разлика од непушачите.
Истражувањето било спроведено во 204 земји, во рамки на конзорциумот на глобални болести, кој ги истражува здравствените проблеми кои водат до смрт и попреченост.
Според студијата, половина од инволвираните земји не направиле никаков прогрес за запирање на порочноста кај младите лица од 15 до 24 години, просечна возраст кога младите најчесто започнуваат со навиката.
Реитсма вели дека доказите сугерираат дека доколку младите не започнат со пушење во просечната возраст, има помали шанси тие да станат пушачи како повозрасни.
„Доколку се работи на осигурување дека младите нема да започнат до пушење до средината на нивните 20 години, тоа ќе резултира со радикални намалувања на бројките на пушачи во наредните генерации“, додала таа.
И покрај тоа што 182 земји ја потпишаа Конвенцијата за контрола на тутунот во 2005 година, полисите за намалување на пушењето варираат. Истражувачите велат дека даночењето е една од најефективните полиси, но постои голема дискрепанца помеѓу високата цена на цигарите во развиените земји и ниската цена на цигарите на земјите во развој.
Ко-авторот на истражувањето, Вин Гупта, изјавил дека потребни се посилни мерки за да се победи тутунот, но и користењето на цигарите со вкус и електричните цигари.
„И покрај прогресот на ова поле во дел од земјите, тутунската индустрија и политичкото вмешување резултираа со голема разлика помеѓу акцијата за контрола на тутунот. Треба да се размилсува и за контрола на маркетингот, промоцијата и спонзорствата што се одвиваат на социјалните мрежи, само четири земји во светот комплетно ги забраниле индиректните и директните форми на тутунскиот маркетинг“, додал тој.