Од 4 јуни до 9 јуни на сцената на летното кино во Кинотеката ќе се одржи филмскиот циклус „Недела на јапонски филм“.
Изборот за годинешното издание на „Неделата на јапонски филм“ е главно од жанрот на семејната драма: филмовите ни го осветлуваат актуелниот аспект на модерното живеење во Јапонија, низ кој се проткајува чудесната традиција на древната јапонска култура и цивилизација.
Од Кинотека информираат дека во случај на дожд, некои од проекциите – наместо во дворот и летното кино, ќе се одржат на затворено, во кино-салата. Билетарата ќе биде отворена секој ден од 19:00 часот; проекциите се бесплатни и започнуваат во 20:00 часот.
Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола. Во продолжение е распоредот и содржините на филмовите од филмскиот циклус во Скопје и Битола:
Кинотека на Северна Македонија
04.06.2021 Петок – „Покажи ми го патот до станицата“
05.06.2021 Сабота – „Ресторан од небото“
06.06.2021 Недела – „Само мачката знае“
07.06.2021 Понеделник – Стоп-анимации на Такеши Јаширо“
08.06.2021 Вторник – „Ручекот на тато“
09.06.2021 Среда – „Секој ден е добар ден“
10.06.2021 Четврток – „Покажи ми го патот до станицата“
11.06.2021 Петок – „Ресторан од небото“
Проекциите ќе се одвиваат со почитување на препораките за заштита од Ковид-19.