Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 50 нови случаи од КОВИД-19 и тоа 27 во Скопје, 5 во Куманово, 4 во Прилеп, 3 во Гостивар, по 2 во Тетово, Велес, Штип и Кичево, додека во Струмица, Гевгелија и Виница е регистриран по едно новозаразено лице.
Од М3 исто така информираат дека во последното деноноќие пријавени се вкупно 18 починати лица и тоа осум од Скопје од 63 до 88 годишна возраст, три лица од Тетово од 75 до 78 години, две лица од Битола на 84 и 88 години, и по едно лице од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г). Оттаму дополнуваат дека од пријавените починати лица, седум лица се починати во домашни, а 11 во болнички услови.
Во последните 24 часа, регистрирани се и 81 оздравено лице.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449“, известуваат од МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања.