Започна десетото јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE.
Десетта година по ред ENGAGE ќе обезбеди платформа за собир на домашни и странски активисти, поединци и заедници кои се залагаат за општествени промени. На конференцијата ќе се понуди простор за дискусија, иновација, креативност, зајакнување и развој во нашето општество и ќе се отвори дебата за статусот на слободата, правдата и еднаквоста, човековите права, младинските прашања и развојот на модерната демократија.
Конференцијата можете да ја следите во живо на видеото во продолжение:
Оваа година виртуелно ќе учествуваат интернационалните говорници: Гитанџали Рао, иноватор и научник – САД; DJ Switch, активистка и диџејка – Нигерија; Вандита Морарка, квир активистка и адвокат за човекови права – Индија; Јигит Гоктуг Торун, активист – Турција и Влад Илич, актер и комичар – Велика Британија.
Публиката ќе има можност во живо да ги слушне и приказните на домашните учесници: Борче Стаменов – иницијатива „Донирај компјутер“; Александра Манолчева и Дина Дамјановиќ – Ways2Help; Стефан Алексиќ – „Challenger“; Петар Антевски – „Пресврт“ и Денис Јанкуловски – Космонаутко.
Конференцијата ENGAGE 2021 е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ, а поддржана од National Endowment for Democracy.