Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.108 тестирања. Оздравени се 90 пациенти, а пријавени се вкупно 10 починати лица.
Новите случаи се забележани во: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број пријавени починати лица: 3 лица се од Скопје (70г,65г,56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови, информираат од министерството.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.
Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на Ковид-19.