16 нови случаи на коронавирусот и седум починати лица изминатово деноноќие

Министерството за здравство соопшти дека последниве 24 часа регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 3.109 направени тестирања.

Според градови новите случаи се регистрирани во: Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Изминатото деноноќие пријавени се 7 починати лица од вирусот. Две лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г).  Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Министерството информираше и за 38 оздравени пациенти.

 

Направените 3.109 тестови се преку: ИЈЗ-458, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–85, МАНУ-40, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-339, Биотек-526, Систина-175, лабораторија Лаор-287, Синлаб-121, Ремедика-51, Плодност–45, Генеа–41, Никоб лаб-140, ВФВ Медикал-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 308.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027. Досега во земјава се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.