Ако имаш идеја за проект којшто ќе ја направи твојата заедница побезбедна, тогаш формирај тим и аплицирај денес!
Програмата „Young Cities“ е во потрага по ентузијастични и посветени млади од Скопје, кои се подготвени да ги застапуваат потребите на младите во нивните локални заедници, сѐ со цел градење сигурни и мирни заедници, преку создавање иницијативи кои се борат против насилство, поларизација, екстремизам и омраза.
Програмата трае 6 месеци и вклучува 4 дневен тренинг, поддршка, вмрежување и мониторинг. Таа вклучува интензивен четиридневен тренинг започнувајќи на 18-ти јуни сѐ до 21 јуни 2021, Маврово Македонија.
За време на 6 месечната програма, Young Cities ќе работи со 4 тима и ќе овозможи:
- тренинг кој ќе им помогне на тимовите да развијат иницијативи кои ќе имаат удел во општествена промена;
- финансиски надомест до 5000£ за секој тим, сѐ со цел непрекинато и успешно имплементирање на иницијативата;
- постојана поддршка преку менторирање и константна работа со тимовите вклучени во програмата
„Со вашето вклучување во Young Cities ќе имате можност да стекнете голем број вештини кои ќе ви овозможат критичко размислување, градење кампањи, подобрено јавно говорено, брендинг, маркетинг, располагање со буџет, стекнување искуство во осмислување и имплементирање на ваша сопствена иницијатива“, велат организаторите.
Како да аплицирам?
- Собери тим од најмалку 4 а најмногу 6 луѓе
- Пополни ја апликациската форма
- Опиши го проблемот на кој ти и твојот тим сакате да се фокусирате, набројте начини на кој тој проблем ќе биде адресиран преку иницијативата.
Апликациите ќе бидат оценувани преку оригиналноста и креативноста на приложените начини на адресирање на проблемот кој ќе го разработувате.
Кој сѐ може да аплицира?
– Млади од 18-29 години
– Млади кои живеат во Скопје
– Посветени млади кои ќе учествуваат на сите 4 дена од тренингот
– Млади кои се отворени за нови искуства и се подготвени да работат со млади од различни позадини.
Преку повикот ќе бидат прифатени само 4 тима. Краен рок за аплицирње е 6-ти јуни, за да бидете дел од оваа програма!
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc3hBhmt50pSAIfASS1b48iFJylh0pLGpqa8RkI4M5xhYUlXA/viewform
За повеќе информации може да с еобратите на ivona@demlab.org или на arlinda@demlab.org.