Мрежата на „Млади европски амбасадори“ (YEA) објави нов повик за поднесување апликации од страна на млади луѓе на возраст од 18 до 29 години од Западен Балкан, кои сакаат да станат лидери на промени.
Мрежата на „Млади европски амбасадори“ (YEA) е основана во август 2020 година со 60 предводници на промени од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Најважни од сè се разноликостa и заедничката визија: учењето едни за други, како и учењето за Европската Унија, спроведување на креативни проекти, стекнување на нови вештини, поврзување преку социјални медиуми, организирање на инспиративни настани – секогаш предводени од идејата дека младинскиот активизам е најмоќната алатка за општествена промена.
„Младите европски амбасадори“ (YEAs) се веќе позната мрежа која на своите врсници им споделува информации за различни можности кои се нудат од страна на ЕУ – за образование и развој на вештини, патувања, поддршка на идеи и многу други.
„Надевајќи се на побезбедна година пред нас, со нетрпение го очекуваме приемот на нови млади лидери кои ќе инспирираат промени во своите заедници и низ земјите од Западен Балкан и ЕУ. Ги охрабруваме да се пријават сите кои се заинтересирани за нови и возбудливи платформи за онлајн и офлајн активизам – од социјални медиуми, подкасти и вебинари па сè до настани во живо, активности во заедницата и многу други можности. Пријавете се!“, повикуваат од мрежата.
Процесот на аплицирање започна на 10 јуни и ќе трае сè до 10 јули 2021.