Од Сојузот на средношколци информират дека добиле поплаки од средношколци од повеќе градови ширум земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавањето на свидетелства. Оттаму истакнуваат дека минатата година го адресирале проблемот, по што дел од училиштата кои ја применувале оваа пракса ја прекинале наплатата, но проблемот продолжува да се јавува во одредени училишта.
Сојузот информациите за наплатата на сведителствата ги добил од средношколци, кои понатаму биле потврдени и од локални активисти.
„Средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. За жал, овие такси не се појава само во тетовските училишта. Скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ наплатува од своите ученици 100 денари за свидетелството, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик“, велат од Сојузот.
Оттаму нагласуваат дека ваквата наплата за сведителства е проблематична бидејќи барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование и се спротивни од ставот 2, член 3 од Законот за средно образование.
„Во Законот никаде не се спомнуваат вакви такси. Главниот проблем е во тоа што земањето на свидетелствотото не е опционална одлука. Свидетелството е задолжителен документ и е доказ за успешно завршена учебна година. Учениците се лишени од избор – тие мораат да платат доколку сакаат да ја завршат учебната година“, велат од Сојузот.
Од Сојузот на средношколци забележуваат дека немаат информации кои образовните власте се известени за овој проблем во средните училишта, дополнувајќи дека и понатаму ќе ја истражувааѕ распространетоста на таксите за сведителства во сите градови.
Минатата година, кога Сојузот на средношколци укажа на овој проблем, Радио МОФ побара одговори од МОН, Државниот инспекторат и Народниот правобранител, а сите три институции одговорија дека сведителствата не треба да бидат наплаќани. Сепак, од ДПИ не одговорија на прашањето на Радио МОФ за тоа дали до нив стигнале пријави за овој проблем во текот на минатата, но и претходните учебни години.
Свидетелствата се бесплатни, учениците да пријават ако им се бараат пари