Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготвува предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато во Охрид за парк на природата, јавува „Академик“.
Тие наведуваат дека Студенчишкото Блато се прогласува за заштитено подрачје – парк на природата, поради геолошките и биолошките вредности, пред сѐ, поради присуството на живеалишта и видови од национално и европско значење.
Истовремено, тие наведуваат дека поради тоа, цел на предлог-законот е зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите и создавање на поволни услови за заштита.
Исто така цел на тој предлог-закон, додаваат дека е и зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.
Инаку, претходно, на 8 мај беше соопштено дека Студенчишкото Блато и Охридското Езеро ќе станат дел од Светската Рамсар листа.