Соединетите Американски Држави (САД) ќе инвестираат 3.2 милијарди долари во развој на антивирусни таблети за третман на коронавирусот, пренесува „Н1“. Оваа информација ја потврди Ентони Фаучи, американски експерт за заразни болести за време на брифинг во Белата куќа.
Се наведува дека третманот со овие антивирусни апчиња може да ја намали хоспитализацијата и да ги намали симптомите по инфекцијата. Покрај тоа, тоа може да има значително влијание во спасувањето на голем број животи.
Моментално се работи на нивниот развој, односно во продажба би можеле да се најдат до крајот на годинава, по завршувањето на клиничките испитувања.
Властите веруваат дека многу голема сума на пари издвоени за развој на таблетите значително ќе помогне во забрзувањето на процесот.
Фаучи нагласи дека програмата, во рамките на која е започнат развојот на таблетите, меѓудругото, ќе опфати и иновации во терапиите.