Facebook би можел да стане сериозен конкурент на PayPal објави порталот All things digital. Мрежата работи на проект со кој треба да им овозможи на своите корисници преку налог на Facebook да може да купуваат по Интернет.
Најголемата социјална мрежа во соработка со компанијата за електронска трговија Jack Threads (сајтот за машка мода), наскоро во јавност ќе ја пушти пробната верзија на опцијата Pay-With-Facebook. Оваа опција е планирана уште одамна, но, Facebook мораше да ги надмине двете големи бариери – борбата против дигиталните измами и проблемите со заштита на приватноста.
Првата работа се однесуваше на пари. Поточно, eBay кој го поседува PayPal, вложи многу пари во борбата против измамниците на интернет, а Facebook како мал старт-ап на почетокот не можеше рамномерно да се носи со вакви инвестиции. Сега кога компанијата има милијарди во банка, ресурсите веќе не се проблем.
PayPal наведе во извештајот дека има одлични односи со Facebook и очекува тие да продолжат. Компанијата посочи, исто така, дека ја поздравува конкуренцијата и очекува да види што ќе претстави Facebook.
Некои аналитичари сепак остануваат се скептични околу тоа дали корисниците ќе ги доверат своите податоци за кредитните картички на социјалната мрежа.