Социјалниот центар „Дуња“ организира свирка и проекција на документарниот филм „Париз гори“ во сабота (26 јуни). Идејата е со настанот е да го одбележат ткн. квир бунт, односно насилната репресија врз ЛГБТ заедницата.
„Нашиот бунт е против оние кои директно ни го загрозуваат животот — хомофобите, трансфобите итн. Но, истовремено, и против оние кои ни го загрозуваат индиректно и со лаги — т.е. оние кои пробуваат да ја асимилираат нашата борба во авторитарниот и капиталистички систем. Во таа смисла, се бориме против насилната репресија врз нашата заедница, но и против нејзината насилна асимилација. Се бориме за автономија!“, стои во најавата за настанот.
Според нив, квир означува сè она што според статус квото е дефинирано како неприфатливо, чудно, неразбирливо и одбивно.
„Всушност, квир е сè она што го предизвикува постоечкото статус кво — хетеронормативноста, циснормативноста и сите дргуи негови норми. Така што, да се биде квир значи да се биде бунтовник“, велат од „Дуња“.
Свирката ќе започне во 18 часот, а проекцијата во 21 часот.