Редици долги стотици метри на секое ќоше можеа да се забележат утрово во Хонгконг каде луѓето со часови чекаа за да го купат последното печатено издание на весникот „Епл Дејли“, кој беше принуден да згасне поради обвиненијата од властите за кривични дела против националната безбедност.
Иако вообичаено овој весник продавал по околу 80.000 примероци дневно, последниот број е испечатен во милионски тираж.
It’s 1:45am, and there is a very, very long queue for the final edition of Apple Daily at the newsstand in Mongkok.
There will be a million copies printed, but people are still worried they can’t get their hands on one. Goodnight, 🍎. pic.twitter.com/M30tzlSPHA
— K Tse (@ktse852) June 23, 2021
„Жителите на Хонгконг со тешко збогување на дождот – Го поддржуваме Епл Дејли“, стои на насловната страна на овој последен примерок. На неа има фотографија на поддржувачи на весникот кои претходната ноќ се собрале пред седиштето на медиумот и оставале пораки со поддршка на главниот влез.
The final edition of @appledaily_hk pic.twitter.com/O9XhgFb4Cr
— Galileo Cheng (@galileocheng) June 23, 2021
Основачот и сопственик на весникот, Џими Лаи, се наоѓа во затвор од декември, директорот и главниот уредник е затворен од минатиот четврток, додека главниот новинар беше приведен изминатите 24 часа. Сите обвиненија против нив се базираат на нелегална соработка со странски држави според новиот закон за национална безбедност во земјата кој беше критикуван од организациите за човекови права како правен акт за спречување на незадоволството во Хонгконг.
Компанијата „Некст Дигитал Медиа“, во чија сопственост е „Епл Дејли“, немаше избор освен да го згасне весникот откако полицијата изврши упад во нивните канцеларии минатата недела и им ги замрзнаа сметките и имотот. Компанијата тврди дека повеќе не може да исплати плати ниту да ги покрие оперативните трошоци, па објави дека ќе го згаснат весникот, со последниот број кој излезе денеска.
Во меѓувреме голем број разочарани и бесни граѓани на социјалните мрежи споделуваат протестна уметност инспирирана од згаснувањето на весникот.
Слоганот на „Епл Дејли“ беше „шокантно но не и изненадувачки“, објаснува Кит Ришбург, директорот на студиите по медиуми и новинарство на Универзитетот во Хонг Конг. „Мислам дека од моментот кога законот за национална безбедност беше воспоставен од Пекинг сите знаеја дека „Епл Дејли“ ќе биде мета и дека најверојатно ќе престане да постои поради овој закон“, објаснува тој.
„Владата повеќе го гледаше како опозициски лик отколку како медиумска организација… Мислам дека луѓето се некако шокирани од брзината со која ова се случи“, додава Ришбург.
Светските влади и организациите за човекови права го осудија згаснувањето на весникот како јасна демонстрација на властите на Хонгконг да го спречат незадоволството и слободниот говор.
„Затворањето на весникот сериозно ги поткопува медиумските слободи и плурализмот кои се клучни за било кое отворено и слободно општество“, стои во соопштението од Европската Унија.