Три починати и девет нови случаи од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа се регистрирани 9 н ови случаи на Ковид-19 од направени 3.239 тестирања. Новозаболените се регистрирани во Скопје и Кичево, по три случаи и Штип и Дебар по еден случај.

Изминатото деноноќие регистрирани се три починати лица. Две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г). Сите пријавени се починати во болнички  услови.

Регистрирани се и 13 оздравени пациенти.

Направени се 3.239 тестови преку: ИЈЗ-484, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово–33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-9, ГОБ 8-ми Септември-3, Институт за микробиологија–15, МАНУ-23, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-438, Биотек-210, Систина-131, лабораторија Лаор-153, Синлаб-17, Ремедика-19, Плодност–44, Генеа–6, Никоб лаб-416, ВФВ Медикал-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 945.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233. Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19.