Факултетот за музичка уметност во Скопје организира концертна серија насловена „Musica Viva на отворено“, како дел од научно-истражувачки проект поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој ќе започне денеска и ќе трае до 28 јуни.
Тие посочуваат дека на програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.
Концертите кои започнуваат во 19 часот, ќе се одржат по следниот распоред:
26 јуни – Вокален мозаик, тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни – Камерно-солистички мозаик, тераса на Музеј на македонската борба
28 јуни – Сонатен мозаик, фоаје на НУ Национална опера и балет
Влезот, како што информираат од ФМУ е слободен, но поради ограничениот број на седишта, додаваат дека е потребна резервација на телефонскиот број 071/912-555 или на мејл адресата fmu@fmu.ukim.edu.mk.