Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 6 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 3 случаи во Скопје, 2 во Тетово и 1 случај е регистриран во Струмица.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти, односно по 1 од Скопје, Тетово, Делчево и Крушево.
Од МЗ исто така информираат дека во последните 24 часа не се регистрирани починати лица од Ковид-19.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.147 тестови.