Со почеток од 20 часот и 30 минути, на 28 јуни, понеделник во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе биде промовирана стихозбирката „Гранична состојба“ од Лидија Димковска.
Како што најавуваат организаторите, со авторката и за книгата во издание на „Или-или“ ќе зборуваат Искра Гешоска и Александра Јуруковска.
Димковска е поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач. Таа е добитничка на повеќе награди, меѓу кои и наградата на „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга. Нејзиниот прв роман пак, „Скриена камера“ ја добил наградата на ДПМ „Стале Попов“ за најдобар роман.