Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 6 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 3 случаи во Скопје и по 1 случај во Тетово, Струмица и Берово.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 5, Куманово – 2 и по 1 од Велес, Струмица и Кичево.
Од МЗ информираа дека денеска не се регистрирани починати лица од Ковид-19.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.887 тестови.