Иницијативата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“ преку нивната Фејсбук страница објави повик за протест насловен „Стоп за бетонизацијата на Расадник“ кој треба да започне во 18 часот, на улицата наспроти „Гет кафе“.
Тие преку протестот бараат да се објави меѓународен конкурс за идејно решение за детален урбанистички план за Расадник, каде граѓаните би одлучиле на локален референдум од трите најдобри решенија. Истовремено, тие бараат и минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, детски градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта и слично.
Ваквиот чекор доаѓа откако во изминатите години се актуелизираше планот за изградба на голем број згради на празниот простор на местото Расадник во Општина Кисела Вода, што ги разлути жителите на општината кои се загрижени за квалитетот на живот во нивната населба.
Сто нови згради во Расадник – критики за новиот ДУП на Кисела Вода