Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 2 нови случаи на Ковид-19 во Скопје. Во последните 24 часа не се регистрирани починати и оздравени лица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223“, стои во соопштението на МЗ.
Од МЗ информираат дека дистрибуцијата по градови, односно бројот на заболени и активни случаи е следен:
Скопје 68667, Активни 89
Куманово 8882, Активни 22
Прилеп 8327, Активни 18
Тетово 7249, Активни 21
Битола 6306, Активни 8
Велес 5473, Активни 4
Гостивар 5181, Активни 7
Кавадарци 5154, Активни 1
Охрид 5019, Активни 17
Штип 4961, Активни 1
Струмица 4120, Активни 6
Струга 2981, Активни 0
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2596, Активни 14
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 4
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1030, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 2
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 2
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
Досега во земјава се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.216 тестови.