Младиот охридски пливач Марко Пејчиновски уште еднаш успешно го преплива Охридското Езеро. Тој ја оствари својата цел откако утрово во седум часот тргна од градското пристаниште во Охрид, а по 14 часа пристигна во Св. Наум.
Ова е втор ваков подвиг на младиот пливач, кој пред три години и покрај здравствените проблеми успеа за првпат да ја преплива делницата Св. Наум-Охрид во обратна насока.