Во свое медиумско обраќање, министерот за здравство Венко Филипче, во медиумско обраќање истакна дека Програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели била усвоена од Владата, при што биле одобрени вкупно 498 специјализации и 87 супспецијализации. Тој потенцираше дека тие наскоро ќе бидат одобрени, а ќе бидат вклучени Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
„Програмата за специјализации веќе помина на седница на Владата, таа е усвоена. Таа е согласно барањата на јавно-здравствените установи, колку млади лекари има за да се пратат на специјализација. Вклучени се како Медицинскиот Факултет во Скопје со најголема бројка, така и Факултетот во Штип. 498 специјализации и 87 супспецијализации после ова поминување на програмата на Владата, што значи административната постапка е завршена, веќе ќе бидат распишани“, изјавил министерот.
Тој го најави и форумот на студенти, додавајќи дека со последните измени во здравствените политики, специјализантите добиле парични средства за дежурства и здравствено осигурување.