Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 16 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 4 случаи во Тетово, по 3 во Скопје и Струмица, 2 во Куманово и по 1 во Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 2 и по 1 од Куманово и Кратово.
Од МЗ информираат дека во последните 24 часа не се регистрирани починати лица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 894.904 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.873 тестови.