Париз ќе воведе ограничување на брзината на движење од 30 километри на час на речиси сите улици, во обид да ја подобри безбедноста, да го намали бучното загадување и да му помогне на градот да се прилагоди на климатските промени, јавува „РФИ“.
Заменик-градоначалникот задолжен за сообраќај, Дејвид Белиард рече дека мерката ќе стапи на сила од крајот на август.
Исклучоци ќе бидат направени за градската обиколница која кружи околу Париз, како и за неколку главни булевари.
Досега веќе 60% од улиците на главниот град имаат ограничување на брзината од 30 км/ч, додека другите улици се сведени на единечни ленти или пешачки патеки.
„Поентата е да се намали просторот што го зафаќаат автомобилите, што вклучува намалување на нивната брзина“, рече Белиард.
Одлуката уследи во моментот кога градоначалничката на Париз, Ана Идалго ги турка плановите за отстранување на 60.000 од 140.000 места за паркирање на улиците ширум градот.