„Повикот на Малешевијата“ е прв фестивал на отворено во Берово кој ќе се одржи од 16 до 18 јули. „Зближувајќи ги Малешевската традиција со модерната култура, музика и спорт, овој фестивал ќе ви ја збогати душата што ќе ви дојде да се провикнете како Дедо Иљо војводата!“, објаснуваат организаторите.
Во рамки на фестивалот понудено е кампување во близина на Беровското езеро, планинарење низ Малешевските планини исполнети со букова, борова и дабова шума, планински велосипедизам преку мала и голема тура, „офроуд“ адреналинска тура со теренски возила, фит камп каде ќе се практикува аеробик и кросфит, но и советување за здрава исхрана, работилници за зачувување на природата, посета на музеи и манастири низ Берово и музичка програма.
Сите заинтересирани потребно е да се пријават тука.
Повелете, ОФИЦИЈАЛНАТА ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ 🏔!
Три дена спорт, здрав живот, забава, музика и пред сè дружење. Ако…
Posted by Повикот на Малешевијата on Wednesday, July 7, 2021
Од организацијата известуваат дека настанот ќе се спроведе со почитување на сите протоколи и препораки од влада за заштита од КОВИД – 19.