Германската авиокомпанија ги отфрла традиционалните отпоздравувања при летовите. Групацијата веќе создала листа на алтернативни отпоздравувања за да се осигураат дека патниците се во добро расположение, пренесува „DW“.
„Дами и господа, добредојдовте на летот“, веќе нема да се слуша на летовите на „Луфтханза“. Отсега авиокомпанијата ќе користи родово неутрален јазик.
Ваквата промена ќе се воведе во сите авио линии дел од „Луфтханза“ групацијата како „Austrian Airlines“, „Swiss“ и „Eurowings“.
„Разновидноста не е само празна фраза, туку реалност за „Луфтханза“. Отсега, ние исто така сакаме да ја воведеме оваа карактеристика во нашиот јазик“, изјавила Ања Стенгер, потпаролката на авиокомпанијата.
Отсега екипажот ќе користи родово неутрални отпоздравувања како „Драги гости,“, „Добро утро/вечер“ или едноставно „Добредојдовте на летот“. Одлуката за отпоздравувањето треба да јa направи екипажот, кој за новата промена бил известен во мај.