Со музичката драма „Анет“ на Леос Каракс вечерва од 21 часот, во Градски парк на отворено, почнува 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Годинава фестивалот се одржува од 15 до 21 јули, под мотото „Филм Фактор 20“.
Подоцна во 23:30 часот, во МКЦ паркот ќе настапи групата „Бела техника“. Таа е основана во 2016 година од двајца членови на култниот белградски бенд „Дарквуд Даб“: гитаристот Бојан Дробац – Бамби и басистот Милорад Ристиќ – Мики. На двајцата им се приклучува и оперската пејачка Катарина Јовановиќ.
Фестивалот на европски филм годинава ќе се одржува на повеќе локации низ Скопје (парк МКЦ, Градски парк, парк Ибни Пајко, кеј на Вардар, кината Фросина и Милениум, на Водно, Кале).
Филмовите се поделени во повеќе категории: Официјална селекција, Гала-програма, Селекција на анимирани музички видеа, МК во ЕУ, УНИЦЕФ еко филм програма, МК кратки филмови, БАФТА 2020, SEE програма, Детска програма, Музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот – cinEmusic.
Повеќе за филмската програма на следниот ЛИНК.