МОН: Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува на 01.10.2021 и трае до 30.10.2021 година.

„Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија“, велат од МОН.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mkа доколку студентите не се во можност да ги достават електронски истите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.

 Подетални информации може да најдете на следниов ЛИНК