Клацкалка со санта мраз на едната и Планетата Земја на другата страна денеска ќе сликовито ќе ги предупредува скопјани на ефектите на климатските промени.
Активистичката акција е наречена „Климатски баланс“ а целта е подигање на јавната свест за поодржливо користење на природните ресурси во земјата.
„Kлиматските промени сè почесто ги чувствуваме на сопствената кожа, веќе не е прашање дали ќе се случат туку какво ќе биде нивното влијание и во колкава мера ќе ја погодат Планетата Земја и каква ќе биде состојбата во Македонија. Идејата на оваа акција наречена Климатски баланс е да се потсетат граѓаните, властите и да се подигне јавната свест во Македонија за што е можно поодржливо користење на природните ресурси во прв ред шумите и водата кои за жал се сериозно загрозени (илегална и прекумерна сеча, мали проточни хидроцентрали кои го уништуваат биодиверзитетот)“, велат од Центарот за современи уметности Скопје, кои ја организираа акцијата.
„Акцијата Климатска клацкалка преку сантата мраз која на скопските горештини интензивно се топи едновремено го претставува и топењето на глечерите и половите и кризата на северниот пол кој е сериозно загрозен и се претпоставува дека во наредните децении може да се случи негово целосно топење. На другата страна на клацкалката е планетата Земја која засега е високо над огнот но како се топи мразот клацкалката се спушта кон огнот и го најавува пеколниот период кој ни претстои ако не преземеме големи и брзи чекори за намалување на глобалното затоплување кое несомнено ќе не погоди сите и никој нема да биде поштеден“, велат организаторите на акцијата“, додаваат активистите.
Акцијата е спроведена од страна на Центарот за современи уметности Скопје и финансиски е поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.