НМСМ со повик за практиканти на возраст од 16 до 29 години

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави повеќе повици за млади во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите”.

Во склоп на првата компонента на проектот ќе се реализира практикантска програма за градење на вештини кај младите, а ќе биде обезбеден и финансиски надоместок за 100 млади лица на возраст од 16 до 29 години кои сакаат да поминат низ двомесечна практикантска програма. Дополнително, НМСМ ќе ги мапира правните субјекти кај кои пријавените практиканти може да ја извршуваат праксата, имајќи ги предвид преференците на правните субјекти и интересите на практикантите.

Заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 16 до 29 години
  • Да не се во работен однос
  • Да имаат завршено најмалку основно образование
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од два месеци во назначен правен субјект.

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Назначено ментор лице во правниот субјект кое ќе ги следи во текот на целата пракса
  • Назначено одговорно лице од НМСМ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса
  • Месечен нето надоместок во висина од 12.500 денари
  • Можности за учество и вмрежување на настани од проектот
  • Можност за вработување по завршување на практиканството
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Целиот повик е достапен на следниот ЛИНК, а пријавата може да се пополни ТУКА.

Дополнително објавен е и повик за правни субјекти за вклучување во практиканска програма кои се заинтересирани во своите канцеларии да примат практикант/и. Целиот повик може да го прочитате на следниот ЛИНК, а доколку сте заинтересирани, може да аплицирате преку овој ЛИНК.

Со цел посредување при можности за вработување на млади лица, креирана е и платформа „CareerHub“ преку која треба да се агрегираат огласи за вработување. На платформата може да се регистрираат работодавци и баратели на работа. Со цел популаризација на платформата, се бараат и промотори кои ќе помогнат при регрутација на компании кои ќе ја користат платформата. Тој повик е достапен на следниот ЛИНК.

Проектот го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд.