Во рамки на 42 издание на манифестацијата „Скопско лето“, во Културно информативниот центар во Скопје, утре, на 20 јули, со почеток од 20 часот, ќе се отвори изложбата на фотографии „Портрети од уметници“.
Авторот зад делата е фотографот Сашо Алушевски.
Преку портретите се претставени македонски уметници од различни сфери и возрасти како Миро Масин, Бранислав Николов, Игор и Ана Дурловски, Тамара Котевска и други. Портретите се направени преку мокар колодиумски процес – фотографска техника од средината на 19 век.
Изложбата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.