Мост за пешаци долг 12 метри беше поставен во Амстердам. Мостот е изработен преку процесот на 3D принтање, а е поставен во Областа на црвените фенери во Амстердам, пренесува „Dezeen“.
Именуван по компанијата која го изработи, „МX3D“ мостот беше изработен од технолошката компанија и Јорис Лаарман.
За структурата на мостот биле употребени 4500 килограми нерѓосувачки челик кој бил 3D принтан од роботи за време од шест месеци, за потоа да биде инсталиран преку каналот.
Ваквата техника може да води до поодржливи структури, истакнал тимот.
„Индустријата се соочува со голем предизвик да стане јаглерод-неутрална до 2050 година. Преку паметно инженерство и волјата да допринесеме за промена како дизајнри и инженери, можеме да се осврнеме кон остварлива иновативност за да направиме промена во идната околина“, истакнал инженерот Стијн Јоостен.
Сепак, архитектот Филип Олдфилд пресметал дека нерѓосувачкиот челик искористен за структурата има 27.7 тони јаглерод.
Институтот „Алан Тјуринг“во структурата вградиле сензорска мрежа која дозволува мостот да собира податоци и да создаде „дигитален близнак“ за да се мери зачувуваноста и издржливоста.
„Дигиталниот близнак“ ќе ги надгледува корозијата, промените во оптоварувањето, условите на животната средина и употребата на пешаците за да се усоврши системот на податоци.